ФИФА официјално отвори истрага за прославата на Гранит Џака и Џердан Шаќири при 2:1 победата на Швајцарија над Србија во петокот, но исто така реши да ги истражува и постапките на српскиот селектор, Младен Крстајиќ.
Џака и Шаќири се етнички Албанци со потекло од Косово и Србија, и тие своите голови ги прославија со покажување на „орел“, како на албанското знаме.
„ФИФА отвара дисциплинска постапка против Џака и Шаќири, а за истиот меч има истрага против Српската фудбалска федерација за проблемите со публиката и покажувањето на политички и навредливи пораки од српските фанови. Покрај тоа, има истрага и против селекторот на Србија, Младен Крстајиќ за изјавите кои ги направи по мечот“, се вели во соопштението на ФИФА.
Не е јасно за која изјава на Крстајиќ се работи, но најверојатно е коментарот за судијата Феликс Брих: „Не би му дал ниту жолт, ниту црвен картон, би го пратил во Хаг. Таму треба да го судат, како што не судеа нас“.
Фото: ЕПА