Top Sport

ФИФА: Поради короната клубовите досега загубија 14 милијарди долари

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека глобалната пандемија на коронавирусот фудбалските клубови во светот ги чини околу 14 милијарди долари, односно околу третина од нивната вредност.

Како што денеска беше соопштено, посебно тело на ФИФА дојде до тој износ во соработка со многубројни стручњаци кои вкупната вредност на фудбалските клубови во светски рамки ја проценија на меѓу 40 и 45 милијарди долари.

ФИФА предупредува дека тие 14 милијарди долари загуба се моменталната ситуација, а губитокот ќе биде уште поголем доколку пандемијата продолжи.

Посебно е погодена Јужна Америка каде во некои држави воопшто не се игра фудбал, а во тешка состојба се и клубови од Азија и Африка.

ФИФА веќе додели помош од 1.5 милијарди долари за да ги ублажи негативните последици од пандемијата, а таа помош за искористија 150 од вкупно 211 земји членки на организацијата.

Scroll to Top