Top Sport

ТдФ: Драма на Алпите, Роглич со уште поголемо водство

Мигуел Анхел Лопез ја освои „кралската“ етапа на Тур де Франс, победувајќи на искачувањето Кол де ла Лоз по драматичната 17. етапа по 170 километри од Гренобл до Мерибел, додека Словенецот Примож Роглич заврши како втор за да го зголеми водството пред Тадеј Погачар, кој заврши како трет.

Лопез (Астана) стигна до својата прва етапна победа на Тур де Франс како деветти велосипедист кој стигна до деби-триумф на овогодишната трка по возбудливата алпска трка во која зад него во потера беа двајцата Словенци, Роглич (Џамбо-Висма) и Погачар (УАЕ Тим Емирати). Лопез стигна до победа пред францускиот претседател Емануел Макрон, а Рогличќ заостана 15 секунди, за да има 49 секунди во трката за жолтата маичка. 26-годишниот Лопез е сега трет во генерален пласман со 1:26.

Четврт на искачувањето на надморска височина од 2.304 метри беше Американецот Сеп Кас, пред Ричи Порти, кој сега е четврт во генерален пласман пред Адам Јејтс.

Scroll to Top