Top Sport

Рекоба го сака Суарез во уругвајски Насионал

Луис Суарез се уште е во Барселона иако новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман го отпиша пред почетокот на сезоната.

Агентите на Уругваецот се обидуваат да го раскинат неговиот договор со Барса и голгетерот да го преселат во Торино, во Јувентус, но засега преговорите се неуспешни.

Во меѓувреме се јави некогашниот уругвајски репрезентативец, Алваро Рекоба кој сега е еден од директорите на угугвајски Насионал од Монтевидео. Не крие дека би сакал да го доведе Суарез во својата екипа, но во моментов се чини клубот нема доволно пари за најголемата уругвајска ѕвезда.

„Луис Суарез е еден од тројца-четворица најдобри фудбалери во историјата на уругвајскиот фудбал. Во Барселона зборуваа дека е пополнет, а тој дава по 2-3 гола секој меч. Ме боли ситуацијата во која се наоѓа. Играчите кои толку многу дале за клубот мора да се почитуваат. Фудбалот е често неблагодарен, тоа се гледа и во ситуацијата со Луис. Би сакал да дојде во Насионал, би сакал дома да си дојде и Едисон Кавани, но пари…“ – рече Рекоба.

Scroll to Top