Top Sport

Браун, Тејтум и Смарт ги поразија Ворирос – Селтикс водат во серијата со 2:1

Кошаркарите на Бостон Селтикс славеа победа над Голден стејт Вориорс 116:100, во третиот меч од финалната серија во НБА лигата. Селтикс во серијата водат со 2:1. Слично како и во првиот меч, кога направија брејк, Селтикс победата ја обезбедија во последната четвртина, која ја добија со 23:11.

Селтикс водеа со 11 поени по првата четвртина, на полувреме имаа 68:56. Вориорс силно влегоа во третиот период, во кој традиционално ги кршат противниците. Со серија 12:0, тие го презедоа водството 82:83. Сепак Селтикс успеаја да го одбијат налетот и во последната четвртина влегоа со предност од четири поени.

Триото Браун, Тејтум и Смарт ги предводеа Селтикс, постигнувајќи заедно 67 поени. Браун забележа 27 поени, девет скока и пет асистенции, Тејтум имаше 26 поени, шест скока и девет асистенции, а Смарт мечот го заврши со 24 поени, седум скока и пет асистенции.
Вориорс и на овој меч ги предводеше Стеф Кари со 31 поен, Клеј Томпсон постигна 25, а Ендрју Вигинс 18 поени.

Наредниот меч се игра ноќта помеѓу петок и сабота, во 3 часот по македонско време. Домаќин повторно ќе биде Бостон.

Scroll to Top