Top Sport

ФИФА ветува милијарди, Инфантино тврди дека има мнозинство за СП на две години

Иако денеска се откажа гласањето за промена на системот на натпреварувањето на Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не се откажува од проектот на СП на секои две години, велејќи дека ќе донесе милијарди долари во профит и дека има мнозинство од гласовите во светската федерација.

За да се смени системот, ќе треба да гласа мнозинство од 211 членки на ФИФА, а Инфантино се соочува со огромно спротиставување од УЕФА и од јужноамериканската ЦОНМЕБОЛ, кои неодамна потпишаа меморандум за разбирање и најавија вклучување на јужноамериканските репрезентации во Лигата на нации на УЕФА.

ФИФА преку истражувањето на фирмата „Нилсен“ тврди дека приходот би се зголемил од 4.4 милијарди долари на 11.4 милијарди долари за само четири години, а покрај тоа почестото оддржување на СП би донело 2 милиони нови работни места.

УЕФА, пак, во контра-анализа на компанијата „Оливер и Олбаум“ тврдеше дека финансиската штета од вакво реорганизирање на СП би ги чинела европските федерации околу 2.5 милиони евра во период од четири години.

Scroll to Top