Top Sport

Американците го промовираа Стив Кер како тренер на „Дрим тимот“

Американската кошаркарска асоцијација потврди дека тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер е новиот селектор на кошаркарската репрезентација, наследувајќи го легендарниот Грег Попович кој се повлече по олимпиското злато во Токио ова лето.

Кер ќе го предводи „Дрим тимот“ до Олимпијадата во Париз во 2024 година, а во неговиот тим ќе бидат и Марк Фју од универзитетот Гонзага, тренерот на Мајами хит, Ерик Спелстра и тренерот на Финикс санс, Монти Вилијамс.

Кер освои пет НБА титули како кошаркар со Чикаго булс, а покрај тоа трипати беше шампион со Голден стејт како тренер, добивајќи ја наградата за најдобар тренер во НБА во 2016 година.

Scroll to Top