Одлуката на Наполи да ги казни фудбалерите со значителен дел од нивните плати е неоправдана, смета синдикатот на фудбалери ФИФПРО, додавајќи дека им нуди помош на фудбалерите за „злоупотребата и заплашувањето“ кое го добиваат од клубот.
Наполи и претседателот Аурелио ди Лаурентис ги казнија фудбалерите со суми од 1/4 до 1/2 од минатомесечните плати откако тие одбија да одат на „казнен“ тренинг-камп во траење од еда недела. Фудбалерите си заминаа од кампот и се вратија кај семејствата по три дена, иако продолжија да одат на тренинзи.
„ФИФПРО е тука за помош во тесна соработка со Италијанската асоцијација на фудбалери (АИЦ) да осигура фудбалерите на Наполи да не бидат подложени на злоупотреба и заплашување. Како било кој вработен, професионалните фудбалери имаат право на приватен живот, посебно кога имаат напорен распоред на натпревари. Фудбалерите не смеат да бидат жртви на своеволни одлуки кога резултатот на еден меч е незадоволувачки“, се вели во соопштението на ФИФПРО.