Легендарниот Португалец Луис Фиго не може да верува како европскиот првак Италија доживеа елиминација од Македонија во баражот за пласман на Светското првенство. „Аѕурите“ останаа без мундијал втортпат по ред, а Фиго вели дека тоа е трагично за земја како Италија.
„Мама миа…Да загубите од Македонија на домашен терен е нешто застрашувачко. Цели 12 години без Италија на Светско првенство, мајко мила … За среќа ние се соочивме со Балканците и ете не на СП во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Случајно и Португалија да загубеше од Македонија, прво ќе леташе „главата“ на селекторот Фернандо Сантош“, вели Фиго.
Италија последен пат играше на СП во 2014 година во Бразил, а ги пропушти Светското првенство во Русија во 2018 и мундијалот што на крајот од оваа година ќе се одржи во во Катар.