Top Sport

Тифозите на Лацио со емотивна порака за Михајловиќ: „Пукај, погоди, бори се и победи уште еднаш“

Најжешките навивачи на Лацио истакнаа транспарент со емотивна порака до српскиот стратег Синиша Михајловиќ на вчерашниот натпревар против Сасуоло во Серија А.

Во периодот од 1998 до 2004 година, Михајловиќ го носеше „небесно-синиот“ дрес на Лацио и остави неизбришлив белег во римски великан, а фановите не го забораваат.

„Биди храбар, Синиша. Пукај, погоди, бори се и победи уште еднаш“, пишуваше на транспарентот на навивачите на Лацио.

Михајловиќ повторно преживува тешки моменти откако пак му е дијагностицирана леукемија.

Scroll to Top