Top Sport

Лидс се засили со Огастин!

Лидс јунајтед официјално се засилија со младиот француски напаѓач Жан-Кевин Огастин со позајмица од РБ Лајпциг со опција за постојан трансфер, покажувајќи ги амбициите за враќање во Премиер лигата.

Членот на француската У-21 репрезентација, кој ја помина првата половина од сезоната во Монако, е трето засилување за Лидс во текот на зимскиот преоден рок.

„Лидс се пресреќни што можат да објават дека го обезбедиле потписот на Жан-Кевин. Напаѓачот ќе го носи дресот број 29 на ’Еланд Роуд’“, се вели во објавата на клубот.

Огастин е продукт на младинскиот систем на Пари Сен-Жермен, каде што дебитираше во првиот тим во 2015, пред да замине во Лајпциг за 12 милиони евра во 2017 година, постигнувајќи 20 гола во 67 натпревари за бундеслигашот.

Scroll to Top