Top Sport

Фиго контра Сантош: Не се освојува СП со Кристијано на клупа

Елиминацијата на Португалија во четврт-финалето на Светското првенство во Катар најверојатно ќе значи крај за селекторот Фернандо Сантош, откако и легендата на португалскиот фудбал, Луиш Фиго призна дека бил изненаден од неговата одлука да го почне мечот против Мароко без Кристијано Роналдо во стартниот тим.

Фиго смета дека одлуката петкратниот освојувач на „Златната топка“ да биде на клупата на почетокот била клучна грешка.

„Не можеш да освоиш Светско првенств со Роналдо на клупата. Океј, победивте против Швајцарија? Супер! Но, дали можеш да го направиш тоа на секој меч без него? Тоа беше голема грешка и за овој пораз се одговорни селекторот и остатокот на тренерскиот тим“, смета Фиго.

Scroll to Top