Top Sport

Хрватска и Франција го повторија подвиг на Аргентина и Германија од пред 32 години

Франција ја комплетираше листата на полуфиналисти на Светското првенство во Катар. Триколорите ја совладаа Англија со 2.1. Во полуфиналето, во среда, Франција ќе игра против Мароко. ден претходно, во првото полуфинале ќе се сретнат Хрватска и Аргентина.
Со пласманот на Франција во полуфиналето е испишана историја на Мундијалите.

Имено, финалистите од претходното СП за прв пат по 1990 година успеаја да се пласираат меѓу четирите најдобри репрезентации.

Кога последен пат тоа се случи, пред 32 години, Аргентинците предводени од Марадона на Светското првенство во Италија пристигнаа како бранители на трофејот, а Германците како вице-шампиони.

И двете репрезентации потоа повторно успеаја да стигнат до финалето, но Германците успеаја да и се реваншираат на Аргентина за поразот од Мексико четири години претходно.

Ако Хрватска и Франција победат во полуфиналето, ќе гледаме реприза на финалето за прв пат по 32 години.

Scroll to Top