Top Sport

Фијаско – Челси не можат да обезбедат работна дозвола за Андреј Сантош

Челси не успеја да обезбедат работна дозвола за нивното ново засилување, Браизлецот Андреј Сантош и покрај неговиот трансфер во зимскиот преоден рок од Васко да Гама, по што е возможно тој да биде пратен на позајмица назад во Бразил или во турската Суперлига.

Според британските медиуми, 18-годишниот Сантош не успеал да ги помине побарувањата на Премиерлигата за само еден поен, односно не може да биде признаен како „посебен талент“, што е тешко да се докаже посебно бидејќи Челси веќе потрошија огромни суми за засилување во средниот ред со Енцо Фернандез.

Најверојатна локација за Сантош е Палмеирас, бидејќи ако игра во бразилската прва лига за клуб кој настапува во Кпа Либертадорес ќе добие дополнителни три поени и во текот на летото ќе ја добие потребната работна дозвола.

Scroll to Top