Top Sport

Фил Џонс: Манчестер јунајтед ќе се бори за титула

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Фил Џонс верува дека „ѓаволите“ ќе бидат конкуренти за титулата следната сезона под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер.

Лани, Јунајтед беше втор зад Манчестер сити под водство на Жозе Мурињо, но оваа година ќе мора да се борат за место во топ 4 и пласман во Лигата на шампиони. Неофицијално, клубот е во нов процес на „изградба“, но оптимизмот на Џонс не застанува тука. Англичанецот веќе ја освои титулата под водство на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.

„Не сме толку далеку како што изгледа. Имавме лош старт на сезоната и тоа не сопре. Сите фудбалери во клубот сакаат да се борат за големи титули, за себе, за клубот, за сите навивачи. Ова е прекрасно место да се игра фудбал и сакаме да го покажеме тоа. Мораме да играме подобро и да бидеме посилен тим со секој нареден меч“, вели Џонс.

Scroll to Top