Top Sport

Леброн Џејмс нема да игра на Светското првенство во Кина

Леброн Џејмс нема да игра за репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина, потврдил новинарот Џо Вардон.

„Снимањето на филмот ‘Спејс Џем 2’ е планирано на тој начин да Леброн нема да може да настапи на СП“, напишал Вардон.

Кошаркарот не ја отфрлил можноста да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Кина во 2020 година.

Џејмс последен пат играше за САД на олимпијадата во Лондон, во 2012 година.

„Го сакам она што го работи тренерот Грег Попович, но ова нема да биде мое лето. Можно е да играм во Токио, во зависност од тоа како ќе се чувствувам“, рекол Џејмс.

Scroll to Top