Поранешниот капитен на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Филип Антовски, е нов член на чешкиот клуб Карвина. Тој ќе настапува како позајмен играч од Австрија Виена, откако во првиот дел од сезоната на идентичен начиун го носеше дресот на хрватскиот клуб Истра.
„Филип е агилен и технички умешен фудбалер на перспективна фудбалска возраст. Баравме лев бек и драго ми е што што успеавме да го доведе Антовски“, изјави спортскиот директор на МФК Карвина, Лубомир Влк.
Антовски ја почна кариереата во Вардар, а потоа замина на печалба и беше дел од Динамо Загреб, Славија Софија, Австрија Виена и Истра.