Голманот на Арсенал, Петр Чех, по изборениот пласман во финалето во Лига Европа, рекол дека не можел да посак подобар крај на кариерата. Арсенал на 29 мај за титулата ќе се борат против Челси, клуб во кој Чех мина 11 години.
Арсенал во полу-финалето со вкупен резултат 7:3 ја елиминираа Валенсија, додека Челси дури по изведувањето на пенали славеа над Ајнтрахт од Франкфурт.
„Пркрасен крај на мојата кариера ќе биде натпреварот против мојот поранешен клуб во финалето во Лига Европа“, рекол Чех и продолжил.
„Постојат денови кога играте добро и тогаш си мислите дека треба да продолжите да играте, но јас мислам дека донесов добра, избалансирана одлука. Можев да останам во фудбалот уште две години, но повеќе сакам да се повлечам сега него кога ќе биде предоцна. Сакав да заминам по мои услови. Мојот последен сон беше да играм во финалето во Лига Европа. Тое се оствари, сега сонот ми е да го освојам трофејот“.
37 годишниот Чех во 2013 година со Челси ја освои Лига Европа, а годината претходно стигна и до пехарот во Лигата на шампионите. Дресот на Арсенал поранешниот репрезентативец на Чешка го носи од 2015 година.