Финалето на Светското првенство во фудбал, во кое Франција ја победи Хрватска со 4:2, низ директен пренос го гледале 1,12 милијарди луѓе, објавија од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Во соопштението што го објави ФИФА, се напоменува дека вкупно 3,6 милијарди луѓе, значи половина од светската популација постара од четири години, го следеле Светското првенство.
„Бројот на гледачи што гледале најмалку една минута на своите ТВ-приемници изнесува 3,262 милијарди, додека 309,7 милиони луѓе преносите ги гледале на различни платформи или во јавни простори каде што се пренесувале натпреварите“.
Финалето, во кое славеа Французите, на своите ТВ-приемници го гледале 884,37 милиони луѓе, додека 231,82 милиони финалето го следел во јавни простори или на разни платформи.
ФИФА тврди дека во просек секој натпревар на Мундијалот во Русија, низ директен пренос го гледале 191 милиони гледачи.