Top Sport

Финалето во Купот на Кралот ќе се игра на (не)фудбалски стадион

Финалниот натпревар во Купот на Кралот оваа сезона ќе се одигра на 18 април, во Севилја, на стадионот „Ла Картуха“.

Овој стадион е втор најголем во шпанската покраина Андалузија и шести најголем во Шпанија, има капацитет од 60.000 места за седење.

Стадионот е изграден за потребите за Светското првенство во атлетика што се одржа во 1999 година.

„Ла Картуха“ од изградбата ретко бил користен за фудбалски натпревари, меѓутоа Шпанија тука била домаќин во финалните мечеви, во тенискиот Девис куп, во 2004 и 2011 година.

„Ла Картуха“, како што соопштија од Фудбалската федерација на Шпанија, ќе се играат наредните четири финални натпревари во Купот на Кралот.

Инаку и минатата сезона финалето во Купот на Шпанија се играше во Севилја, но на стадионот на Бетис „Бенито Вилјамарин“.

Scroll to Top