Top Sport

„Граѓаните“ внимателно следат што се случува во Барселона

Челниците на Манчестер сити внимателно ја следеле ситуацијата во Барселона, односно несогласувањата што ги има најдобриот играч Лионел Меси со клупскиот челник Ерик Абидал. „Граѓаните“ биле убедени дека тие би биле првите фаворити за потписот на Меси доколку тој реши да замине од „Ноу Камп“.

Лионел Меси има договор со Барселона до јуни 2021 година, но во тој договор постои клаузула според која Аргентинецот може да стане слободен играч по завршувањето на оваа сезона.

Манчестер сити се главни фаворити за неговиот потпис, тврди „ЕСПН“, бидејќи тој ги одржал контактите со директорот на клубот Чики Бегеристаин, директорот Феран Соријано и тренерот Пеп Гвардиола. Овие тројца еден период од кариерите минале на „Ноу Камп“.

Според истиот извор Манчестер сити во овој момент можеле да му понудат на Меси годишна плата од 50 милиони фунти.

Несогласувањата на релација Меси-Абидал започнаа кога спортскиот директор рекол дека некои фудбалери заговарале смена на тренерот Ернесто Валверде. Меси застана зад соиграчите и побарал состанок со претседателот Хосе Марија Бартомеу.

Меси, Абидал и Бартомеу вчера имале состанок. Според извештаите на шпанските медиуми спортскиот директор Абидал ја „преживеал“ оваа рунда.

Scroll to Top