Арсенал и Челси вечерва ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Натпреварот во Баку, Азербејџан ќе започне во 21 часот. Иако се работи за финале на второто квалитативно натпреварување на УЕФА, дуелот има поголемо значење за Арсенал, бидејќи доколку победата играчите на Унаи Емери ќе изборат пласман во Лигата на шампионите.
Дуелот во Баку ќе биде 198 пресметка на ривалите од Лондон. Првиот натпревар го одиграле уште во 1907 година. Арсенал имаат повеќе победи (78-63). Нерешено завршиле 58 натпревари.
Најубедливата победа ја има Челси, на 22 март 2014 година, кога на Арсен Венгер „сините“ му го расипаа јубилејот, 1000 меч на клупата на Арсенал.
Челси оваа сезона постигнале 32 гола во Лига Европа, три повеќе од Арсенал. Двата тима забележале по 14 победи. Челси в ЛЕ се без пораз, имаат 11 победи и три нерешени натпревари.
Арсенал низ историјата шест пати, во европските купови, играле против екипи од Англија. Интересно ниту еднаш не победиле, имаат четири порази.
Финалето во Баку е четвртото во кое за пехарот ќе се борат екипи од иста држава. Тотенхем во 1972 година, со вкупни 3:2 победиле против Вулверхемптон. Порто ја победиле Брага во 2012 година, а наредната година Атлетико Мадрид биле подобри од Атлетик Билбао.
Челси пехарот во Лига Европа го освоиле во 2013 година. Поради повреда финалето против Бенфика го пропуштил Еден Азар. Дуелот со Арсенал вечерва веројатно ќе биде последниот меч за Азар во дресот на Челси.
Петр Чех беше дел од Челси во 2013 година. Вечерашниот меч ќе биде последен во неговата кариера. Легендарниот чешки голман настапил на 130 натпревари во европските купови.