Македонија и Финска одиграа пријателски натпревар без голови, но со доволно шанси во Белек, Турција.
Македонија се закани уште во седмата минута, кога по корнер, напаѓачот на Палермо Илија Несторовски не успеа со глава да ја исконтролира топката. Фудбалерот на Лидс, Езѓан Алиоски не успеа да добие воздушен дуел со дефанзивците на Финска во 21. минута, а 10. минути подоцна Аријан Адеми со глава го најде само финскиот голман по слободниот удар на Енис Барди.
Најдобрата шанса ја имаше капитенот на Динамо Загреб, Адеми, кој се најде сам пред голманот во 58. минута, но реакцијата не беше најдобра и Лукаш Храдецки лесно ја фати топката. Финците најдобрата шанса ја имаа во 76. минута, по слабата реакција на нашата одбрана.
На крајот, двете репрезентации покажаа цврст фудбал, посебно во одбраната, иако впечатокот е дека Македонија беше поблиску до победата.
За момците на Игор Ангеловски сега доаѓа уште еден пријателски меч, во вторник против Азербејџан, што ќе биде совршена шанса да се поправи впечатокот и да се стигне до победа.