Top Sport

Фиоренитина бара 60 милиони евра за Влаховиќ

Младиот српски напаѓач од Фиорентина, Душан Влаховиќ, игра брилијантна сезона, има постигнато 20 голови, со што привлече вниманието на големите клубови. Италијанските медиуми пипуваа за интересот на Јувентус, Рома, Милан, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Сопственикот на Фиоренина, Роко Комисо, нема да го попречи евентуалниот трансфер, но само под услов некој да плати 60 милиони евра за Влаховиќ.

Италијанските медиуми тврдат дека оваа сума можат да ја платат Јувентус и Ливерпул.

Душан Влаховиќ има 21 година, тој е првиот играч роден по 2000 година кој во Серија А успеал да постигне 20 голови. Исто така тој е еден од четворицата фудбалери, родени по 2000 година, што успеале да постигнат најмалку 20 голови во едно од петте најсилни национални првенства во Европа.

Покрај Влаховиќ до оваа бројка стигнале Ерлинг Халанд, неговиот соиграч Џејдон Санчо и Мојзе Кен.

Влаховиќ на последните 19 натпревари има постигнато 14 голови, а на последните 324 одиграни минути шест пати бил стрелец.

Scroll to Top