Top Sport

Ла Република: Алегри поради Роналдо заминал од Јувентус

Масимилијано Алегри, кој Јувентус, освои пет трофеи во низа во Серија А и два пати играше во финалето во Лигата на шампионите, клубот го напушти во 2019 година. Тогаш на неговото место Јувебтус го ангажираше Маурицио Сари. Тој ја продолжи низата на Алегри, ја освои Серија А, но Јувентус не импресионираше со стилот, поради што и дој доби отказ. Јувебтус сезонава во предводи Андреа Пирло.

Јувентус, сезонава, нема да ја одбрани титулата, која ја освојуваше во последните девет години. Тимот на Пирло, нема континуитет, игра по системот топло-ладно, а и атмосферата во соблекувалната не е сјајна.

Медиумите два дена пишуваат за испадот што го направил Кристијано Роналдо, по завршувањето на натпреварот со Џенова и потоа во соблекувалната.

Според „Ла република“, токму поради Роналдо, Алегри во 2019 година добил отказ. Трофејниот тренер на Јувентус, побарал од челниците да го продадат Роналдо.

„Морате да го продадете Роналдо, поради него не можат да напредуваа клубот и тимот“, бил советот на Алегри.

Претседателот на клубот, Андреа Ањели, сепак решил да не го послуша овој совет, туку му врачи отказ на Алегри. Она што е интересно, Алегри останал во пријателски односи со Ањели и тој најчесто се поврзува со Јувентус, доколку Пирло добие отказ.

Scroll to Top