Мароканецот Софијан Амбрабат го привлече вниманието на голем број клубови по одличните настапи на Светското првенство во Катар, а Фиорентина ќе има големи проблеми да го задржи во своите редови. Одличниот играч за врска беше еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот на кој Мароканците направија историски успех освојувајќи го четвртото место.
Амрабат веќе во јануари би можеле да го видиме во некој од европските гиганти.
„Газета дело Спорт“ истакнува дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за 26-годишниот играч.
Сепак, Фиорентина нема лесно да му дозволи да замине. За него одреди отштета од 40.000.000 евра.
Амбрабат има договор со клубот до 2024 година. Сезонава одигра 13 натпревари во Серија А.