Top Sport

Фиорентина без Кастровили на финалето против Вест Хем

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Гаетано Кастровили, ќе го пропушти вечерашниот финален натпревар на неговиот тим во Конференциската лига против Вест Хем во Прага. Ова го соопшти тренерот на тимот од Фиренца, Винченцо Италијано.

„Гаетано е повреден. Не можеше целосно да се опорави, па нема да сметаме на него“, се пожали Италијано.

Офанзивниот играч за врска Кастровили има четири натпревари за италијанската репрезентација. Тој често се мачи со повреди, па има само 15 настапи и два гола за Фиорентина во Серија А оваа сезона.

 

Scroll to Top