Top Sport

Блумберг: Катарците сигурни дека го добиваат Манчестер јунајтед

Катарската групација предводена од шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани е сигурна дека ја добила борбата со наддавање за Манчестер јунајтед, и дека го победиле британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф и дека наскоро ќе станат газди на еден од најпопуларните англиски клубови.

Процесот на продажба, кој американското семејство Глејзер го најави уште пред шест месеци, е одбележено со повеќе одложувања и повеќе понуди од двете најважни страни, како и во поделба меѓу членовите на американското семејство на тие кои сакаат целосна продажба и тие кои сакаат да останат делумни сопственици.

И покрај сите овие пречки, Катарците се сигурни дека наскоро ќе бидат потврдени како нови сопственици на клубот, во период во кој навивачите на „ѓаволите“ почнаа да ги губат нервите со американските газди во клучните месеци во летниот преоден рок.

Scroll to Top