Фиорентина одигра само 1:1 против Парма во пресметката на два клуба од средината на Серија А во меч од 11. коло.
Ветеранот Жервињо ги донесе „дукали“ до водство на „Артемио Франки“ во 40-тата минута, додека тимот на Винченцо Монтела успеа да израмни преку Гаетано Кастровили во 67. минута од мечот.
Фиорентина е на осмото место во Серија А со 16 поени, додека Парма има два поени помалку на десеттото место.