Top Sport

Фиорентина и АЗ Алкмар први полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА

Фиорентина и АЗ Алкмар се првите две екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА. Италијанскиот тим загуби дома со 2:3 од Лех Познањ, но имаше убедлива предност (1:4) од првиот натпревар во Полска.

Лех Познањ во еден момент ја анулира негативата, со оглед дека водеше со 0:3 на „Артемио Франки“, но потоа Фиорентина постигна два гола за конечни 6:4.

Соуса, Велдех од пенал и Собјех беа стрелци на головите за Лех, а потоа возвратија Сотил и Кастровили.

АЗ Алкмар по продолженија и изведување пенали го елиминира Андерлехт. Белгискиот тим дојде со два гола предност, но АЗ Алкмар успеа да ги анулира со двата гола на Павлидис. Мечот отиде во продолженија каде резултат не се менуваше, па мораа да се изведуваат пенали. По ударите од 11 метри, фудбалерите на АЗ Алкмар беа далеку поуспешни и славеа со 4:1.

Scroll to Top