Top Sport

Фиорентина и Лацио со драматични победи

Фиорентина и Лацио успеаја да стигнат до победи на стартот од Серија А, но многу се намачија за да ги остварат. Фиорентина во последните мигови од судиското продолженија постигна трет гол за триумф од 3:2 против Кремонезе. Тоа всушност беше автогол на гостинскиот голман Раду.

Бонавентура и Јовиќ беа стрелци за „виолетовите“ на овој меч, додека Кремонезе се покажа како жилав ривал и постигна голови преку Окереке и Бјанкети.

Лацио со пресврт стигна до победа од 2:1 против Болоња. Марко Арнаутовиќ од пенал ги шокира домаќините, но потоа Де Силвестри си постигна автогол, а Чиро Имобиле во 79.минута се погрижи за комплетен пресврт.

Scroll to Top