Фиорентина потврди дека во нивниот тим има шест нови позитивни тестови на КОВИД-19, од кои тројца се кај фудбалери, а тројца кај членови на придружниот состав по првата рунда од тестирањето пред враќањето на тренинзи.
Сите клубови од Серија А прават широко тестирање на своите вработени пред враќањето на тренинг-терените. Фиорентина не објавува кои фудбалери се позитивни, потврдувајќи дека тие се во изолација од остатокот на тимот, кој треба да почне да тренира веќе утре.
Виола претходно имаа уште тројца фудбалери кои беа позитивни на корона вирусот – Патрик Кутроне, Херман Пецелја и Душан Влаховиќ.