Top Sport

Куртоа: Јас и Азар сонувавме за Реал во соблекувалната на Челси

Тибо Куртоа вели дека тој и неговиот колега од белгиската репрезентација Еден Азар разговарале за трансфери во Реал Мадрид додека биле соиграчи во Челси.

Голманот направи трансфер во 2018 година, додека Азар пристигна минатото лето, а и двајцата признаа дека долго време чекале на трансфер кај „кралевите“.

„Во соблекувалната на Челси постојано зборувавме за играњето на ’Бернабеу’. ’Белата куќа, белата куќа’. Беше убаво да се замислува тоа. Сега, заедно сакаме да освоиме титули“, вели Куртоа во интервју за „Ел мундо депортиво“.

Двајцата не беа успешни од стартот во Шпанија. Куртоа дури дојде до ситуација неговото стартно место да биде несигурно, пред оваа сезона да се врати во далеку подобра форма. Азар, пак, потклекна под големите очекувања од трансферот од 150 милиони евра, но имаше и повреда по која беше на операција во февруари.

Scroll to Top