Top Sport

Биндер го доби спринтот во Аргентина

Бред Биндер, возачот на КТМ, победи на спринт трката во пресрет на Големата награда на Аргентина.

Јужноафриканецот до победата дојде пред возачите на тимот на Валентино Роси, ВР46, Марко Бецеки и Лука Марини. Победата на Биндер претставува огромен успех бидејќи спринтот го започна од 15. позиција.

Биндер во целта имаше подобар резултат од Бецеки за само 72 илјадити делови од секундата.

Франко Морбидели со својата Јамаха, водеше еден круг, на крајот го освои четвртото место, пред Алекс Маркез кој ја имаше пол-позицијата и актуелниот светски првак и победникот на спринтот и првата трка во Портимао, Пеко Бањаја.

Бодови во спринтот освоија уште Маверик Вињалес (Априлија), Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Фабио Квартараро (Јамаха).

Утре од 19 часот ќе се вози трката за Големата награда на Аргентина.

Scroll to Top