Фиренца „гореше“ и ја покажа својата омраза кон Јувентус и кон „предавникот“ Душан Влаховиќ, откако тифозите на Виола со порака од „Пеколот“ на Данте Алигиери му пратија порака на српскиот напаѓач, но на теренот нивните фудбалери промашија многу шанси, за во 92. минута да си постигнат апсолутно смешен автогол за 0:1 пораз од Јуве во првиот меч од полуфиналето на Италијанскиот куп.
Откако пред мечот се доделија 10.000 свирчиња за да го пречекаат достојно Влаховиќ, тифозите подговтија фантастична кореографија со цитат од „Пеколот“ за тие кои биле предавници во текот на земскиот живот: „Сега не сакам повеќе говори, проклет предавнику, покриј ја твојата срамота, јас ќе ти ја кажам вистината“ стоеше на „Курва Фиесоле“ на „Артемио Франки“. Под ова имаше банер: „Фиоренца! и во пеколот твоето име се шири“. Посебен гостин на стадионот беше легендарниот напаѓач на клубот, Аргентинецот Габриел Батистута, кој доби овации од трибините.
На теренот, фудбалерите на Фиорентина беа помотивирани и поконкретни во првото полувреме, иако токму замената на Влаховиќ, Иконе ја имаше најдобрата шанса кога ја погоди стативата на стартот на второто полувреме. Кога се сметаше дека мечот ќе заврши без голови, фудбалерите на Фиорентина успеаја да се збркаат во сопствениот шестнаесетник и да си постигнат апсолутно бизарен автогол преку Лоренцо Венути.
Реваншот се игра во април во Торино, а во второто полуфинале играат Интер и Милан, кои вчера одиграа 0:0 во првиот меч.
THE WINNING AWAY GOAL!
⚽️ #Venuti
?️ #Cuadrado ?— Andar Sofian ?? (@andarsofian) March 2, 2022