Top Sport

Фирмино е подготвен да го напушти „Енфилд“

По Садио Мане кој замина во Баерн, Ливерпул е подготвен да го продаде и Роберто Фирмино. Со доаѓањето на Диого Жота, Луис Дијаз, а сега и Дарвин Нуњез, бразилскиот напаѓач го загуби местото во стартната линија.

Фирмино поради конкуренцијата и повредите, минатата сезона имаше маргинална улога во тимот на Јирген Клоп. Фактот дека неговиот договор истекува во 2023 година, го отвора прашањето дали е подобро Ливерпул да го продаде Фирмино ова лето и да заработи нешто од неговиот трансфер.

Бразилецот сака да биде дел од својата репрезентација на Светското првенство во Катар и разбира дека ќе му треба минутажа во играта. Гледано од оваа перспектива тешко дека таква шанса ќе добие во Ливерпул.

Затоа според англискиот печат се споменува можен трансфер.

Во моментов Јувентус изгледа како најидеалната средина за Фирмино.

„Мирор“ тврди дека клубот од Торино сака да испрати понуда од 23 милиони евра, што е атрактивна сума бидејќи Фирмино веќе има 30 години и ја има последната година од договорот пред да стане слободен агент.

Scroll to Top