Top Sport

Фирмино и Габриел Жесус донесоа победа за Бразил во Прага (видео)

Бразил се врати на победите откако со 3:1 во пријателски меч ја совлада Чешката Република по големиот број на критики кои избраниците на селекторот Тите ги добија по 1:1 ремито против Панама.

На „Синобо“ во Прага, работите не тргнаа добро за „селесао“, откако Давид Павелка во 37. минута им донесе водство на домаќините, но во второто полувреме, Бразил успеа да се соземе и да направи целосен пресврт.

Прво Роберто Фирмино ја искористи шансата да биде во првиот тим со гол во 48. минута, пред напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус да се „разбуди“ и да постигне уште два гола за победа на фаворитите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top