Top Sport

Фирмино ќе биде нов играч на Ал-Ахли

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино е следното големо име кое ќе биде дел од револуцијата во саудискиот клупски фудбал. Според Ал-Ахли, Бразилецот постигнал целосен договор со тимот, кој неодамна го потпиша и поранешниот голман на Челси, Едуард Менди.

Договорот што ќе го потпише 31-годишниот напаѓач е до 2026 година. Останува само Фирмино да ги помине лекарските прегледи, по што и официјално ќе биде претставен како ново засилување на Ал-Ахли. Тој ќе пристигне во клубот на слободен трансфер откако ќе му истече договорот со Ливерпул.

Откако се приклучи од германскиот Хофенхајм во 2015 година, Фирмино постигна 111 гола во 362 натпревари за Ливерпул.

За него се шпекулираше дека се интересираат Реал Мадрид и Барселона, но на крајот Бразилецот ќе го проба егзотичниот фудбал во Саудиска Арабија.

Scroll to Top