Ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмино не беше дел од 26-те фудбалери кои бразилскиот селектор Тите ги избра за Светското првенство во Катар и тој се јави со порака на социјалните мрежи за да признае дека е разочаран, но и благодарен на тоа што го направил досега.
Фирмино дебитираше за „Селесао“ во ноември 2014 и беше дел од тимот кој настапи на СП во 2018 година, како и на последните три изданија на Копа Америка. Но, по лошиот старт на сезоната на Ливерпул, тој само во последно време добиваше шанса од Јирген Клоп.
„Само да ви се заблагодарам за убавите пораки. Светското првенство е сон за секој фудбалер и за мене не е ништо различно. Вчера работите не одеа според моите замислувања и соништа, но можам да погледнам назад и да кажам дека срцето ми е благодарно за Бог и тоа што ми дозволи да го доживеам досега. Ти, Господе, ќе го заддржиш во мир тој чија цел е чиста, бидејќи тој верува во тебе“, пишува Фирмино.