Top Sport

ФК Пелистер побара од ФФМ итно да донесе одлука за „случајот Гостивар“

Македонскиот второлигаш Пелистер испрати реакција до јавноста со која бара од ФФМ, односно Дисциплинската комисија на федерацијата, во најбрз можен рок да се донесе одлука за постапката против лидерот Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски. Тој имаше неправилен настап на мечот против Пехчево на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Сето ова поради регуларност за понатамошниот тек од првенството во Втората лига.

„ФК Пелистер апелира што е можно побрзо да се донесе одлука за дисциплинската постапка врз ФК Гостивар за „случајот Христовски“, во интерес на регуларноста на натпреварувањето. Апострофираме да се почитува рокот од осум дена кој е наложен како период во кој треба да се донесе одлука за спорната регистрација на фудбалерот“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

 

Scroll to Top