Top Sport

ФК Сараево: УЕФА ние сме ограбени!

Шампионот на Босна и Херцеговина, Сараево загуби со 2:1 од белорускиот Динамо Брест во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, во меч во кој им беше поништен чист гол за израмнување поради непостоечки офсајд.

При резултат 2.1 за Динамо, Мерсудин Ахметовиќ постигна гол во 54 минута кој помошникот го поништи поради офсајд, иако стрелецот се наоѓаше во регуларна позиција.

По завршувањето на натпреварот клубот им забрани на тренерот и неговиот помошник да даваат изјави. Наместо нив пред новинарите излезе претседателката Сабрина Буљубашиќ.

„Изгубивме со 2:1 и решивме тренерот и неговиот помошник да не се појават пред јавноста, сакаме да испратиме силна порака од една мала земја каква што е БиХ. Она што се случи на овој меч никогаш досега не сум го видела, а во фудбалот сум цел живот“, рекла Буљубашиќ и дополнила.

„Голот беше регуларен, а беше досуден офсајд. Ние ќе се погрижиме секој детал од овој натпревар да стигне до УЕФА. Никогаш не сум видела вакво судење. Мислам дека сме ограбени. Судијата ни го одзеде правото да се натпреваруваме“.

Поништениот гол на снимката е на 44 секунда

Scroll to Top