Top Sport

Сабонис со личен рекорд ја запре Јута, Мајами го победија лидерот Финикс

Домантас Сабонис со личен рекорд, стави крај на серијата од шест порази во која се наоѓаа кошаркарите на Индијана Пејсерс. Индијана славеа против Јута Џез 123:115. Пораз, изминатата ноќ, забележаа и водечкиот во лигата Финикс Санс, односно актуелниот шампион Милвоки Бакс.

Јута Џез, во Индијанаполис, го забележаа 12.пораз во сезоната. Третопласираниот тим на Западот, доживеа пораз 125:113 и покрај тоа што Донован Мичел постигна 36, а Бојан Богдановиќ 21 поен.

Џезерите немаа решение за Домантас Сабонис. Синот на славниот Арвидас Сабонис, го одигра мечот на кариерата, постигна 42 поени, од поле промаши само четири пати (18/22). Помош доби од ветеранот Ленс Стивенсон, кој од клупата придонесе со 16 поени и 14 скокови.

Мајами Хит, во Аризона, го совладаа лидерот, Финикс со 123:100. Мајами ја забележаа 25.победа во сезоната, додека Финикс го запишаа деветтиот пораз. Мајами имаа нестварен шут за три поени, од 44 обиди погодија 22 тројки.

Без Џими Батлер, Хит, успеаја да победат на тешкото гостување, благодарение на Тајлер Хиро и Данкан Робинсон. Овие двајца постигнаа 50 отсто од поените на Мајами. Хиро мечот го заврши со 33, а Робинсон со 27 поени.

Кај Финикс се истакна Девин Букер со 26 поени, Мајкл Бриџис постигна 20, а Камерон Пејн 15 поени.

Резултати: Шарлот-Милвоки 114:106, Детроит-Орландо 97:92, Бостон-Њујорк 99:75.

Scroll to Top