Top Sport

Флоренци му ја нудел капитенската лента на Џеко, овој шефски одговорил

Един Џеко открива дека Алесандро Флоренци му понудил да стане капитен на Рома во обид да го убеди да остане на „Олимпико“, откако во текот на целото лето се шпекулираше за заминување на босанскиот „бомбардер“, посебно во Интер.

На крајот, Џеко го продолжи договорот со „волчицата“ и сега 33-годишниот ветеран открива што се случувало во текот на бурното лето.

„Среќен сум кога ќе видам дека другите се среќни што останав со моите соиграчи. Не сакам да ги нарекувам само така, бидејќи тоа се пријатели, браќа. Секогаш беа тука да ми кажуваат: ’Не одиш никаде, остани тука’. Имам прекрасни односи со сите. Флоренци ми кажа: ’Ако потпишеш, ќе ти ја дадам капитенската лента’. Кога го продолжив договорот тој дојде и ми кажа еве ја лентата, но јас му одговорив: ’Не ти си Але. Ти си нашиот капитен и тоа ќе останеш’“, вели Џеко во интервју за „Рома ТВ“.

Флоренци стана капитен на Рома по заминувањето на Даниеле де Роси во Бока јуниорс.

Scroll to Top