Top Sport

Што имаат Снуп Дог и Кевин Харт да кажат за ватерполото

И покрај тоа што ватерполото е спорт кој е на Олимпијадите повеќе од еден век, популарноста на овој спорт никако да надмине некои локални рамки.

Американската „Ен-би-си“ се обиде да даде интересен коментар за спортот во објаснување на комичарот Кевин Харт и легендата на хип-хопот, Снуп Дог.

Нивниот заклучок на шега е дека победува тимот кој ќе постигне повеќе голови или кој ќе има помалку удавени ватерполисти. Бидејќи се работи за меч помеѓу Србија и Хрватска, на Снуп најзабавно му беше презимето на хрватскиот голман Марко Бијач, поради сличноста со зборот кучка (bitch).

Scroll to Top