Позцијата десен бек повторно ќе биде проблематична за екипата на Валенсија. Засилувањето од Рома, Алесандро Флоренци, бил префрлен во карантин бидејќи се заразил со варичела.
Флоренци во зимскиот преоден рок пристигна на „Месталја“ како позајмен играч од Рома. Тој веќе настапи на три натпревари за Валенсија, а во минатото коло на натпреварот со Хетафе доби црвен картон.
Флоренци поради варичелата најмалку десет дена треба да биде во карантин, односно нема да се појавува на тренинзите, за да не ги зарази соиграчите што не ја прележале оваа заразна болест.
Десниот бек сигурно ќе го пропушти првиот првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Валенсија во среда ќе гостува кај Аталанта.
foto/epa