Top Sport

Флорентино Перез, на крајот, ја дозна платата на претседателот на УЕФА

Претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин заработил 2.19 милиони евра во 2019/20, зголемување од 450.000 од претходната година, објави италијанскиот веб-сајт „Калчо е финанца“, одговорајќи му на прашањето на претседателот на Реал Мадрид и креаторот на Суперлигата, Флорентино Перез.

Перез, зборувајќи за нетранспарентноста во УЕФА изјави дека знае колку заработува НБА ѕвездата Леброн Џејмс, бидејќи тоа е јавно, но дека никој не знае колку заработува претседателот на УЕФА, една од најмоќните спортски организации на светот.

Според „Калчо е финанца“, основната плата на Чеферин без бонуси е 2.19 милиони евра, и тој не е единствениот кој добил зголемување на платата за време на кризата со корона вирусот. Генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис добил покачување од 164.000 евра за годишна плата од 1.23 милиони евра, но без бонуси поради КОВИД-19. Од друга страна, платата на потпретседателите на УЕФА падна за 12.500 евра, а членовите на Извршниот комитет имаат за 8.000 евра помала плата.

Scroll to Top