Top Sport

Фофана повторно се повреди

Весли Фофана има повреда на коленото и ќе биде надвор од терените за Челси во следните три до четири седмици, пренесуваат британските медиуми.

Дефанзивецот ја заработи повредата при победата на сините од 5:1 против Брентфорд на вчерашниот пријателски натпревар. Французинот беше во кампот со Челси за време на Светското првенство во Катар, откако беше изоставен од тимот на „триколорите“ поради повредата здобиена пред два месеци.

Во август, 22-годишниот Весли Фофана се пресели од Лестер во Челси за речиси 70 милиони фунти, но оттогаш забележа само четири настапи во сите натпреварувања.

Лондончани се на осмото место на табелата во Премиерлигата со 21 бод.

Scroll to Top