Top Sport

Фокема стана првата фудбалерка која играла за машки тим

Елен Фокема влезе во историјата на холандскиот фудбал во саботата, кога стана првата жена која играла за сениорски машки тим во лигашки меч.

20-годишната Фокема влезе како замена за ВВ Фоарут во мечот против Слеат, откако Холандската кралска фудбалска федерација дозволи жените да играат во сениорските машки тимови по тестот минатата сезона.

Фокема е дел од ВВ Фоарут од својата петта година, но холандската федерација претходно дозволуваше мешани тимови до У-19 нивото. Минатата сезона им беше дозволен тест-периоид за Фокема да биде дел од тимот, и таа одигра седум меча, пред во март 2021 федерацијата да ги смени правилата.

„Се надевам дека нема да сум последната жена која ќе игра, бидејќи во спротивност моето достигнување е безвредно“, изјави Фокема.

Scroll to Top