Top Sport

Ако го сопреш Лукаку, си го сопрел Челси?

Ромелу Лукаку, според зборовите на менаџерот на Челси, Томас Тухел беше само последно парче во слагалката на „сините“. Но, мечот против Манчестер сити во саботата, кога Белгиецот беше изолиран со 21 допир, 33 отсто успешни додавања и ниту еден удар на голот, го покажа проблемот – иако тој само што пристигна на „Стемфорд бриџ“, тимот премногу зависи од него.

Челси беа „задушени“ од тактичкиот план на Пеп Гвардиола, и скапиот Лукаку беше нешто повеќе од обичен гледач во западен Лондон. Ова беше и слатка одмазда за Гвардиола, откако претходно ги загуби претходните три дуели со Томас Тухел минатата сезона, вклучувајќи го и финалето на Лигата на шампионите.

За Тухел, останува главоболката дали неговиот 3-5-2 систем, кој функционираше фантастично против Тотенхем минатата недела, овојпат спектакуларно не успеа. Покрај Лукаку напред беше и Тимо Вернер, но со тројца дефанзивни играчи од средниот ред зад напаѓачката двојка, домашниот тим не најде простор за нив.

„Мислам дека нема потреба да зборуваме за маките на Ромелу денеска. Кога топката стигнуваше до Лукаку, нападот веќе беше пола завршен и немаше доволно луѓе напред, доволно верба во системот и доволно поврзаност. Затоа мислам дека се работеше за тимски проблем, не за индивидуален проблем“, изјави Тухел по мечот.

Родри, Ајмерик Лапорт и Рубен Дијаш го ставија во „кутија“ Лукаку, додека Вернер треба да го крене нивото ако сака да биде партнер на Лукаку како Лаутаро Мартинез во Интер во 3-5-2 системот на Антонио Конте минатата сезона.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Манчестер сити го освои „Стемфорд Бриџ“

Scroll to Top