Top Sport

Артета горд што ја вратил „загубената душа“ на Арсенал

Микел Артета признава дека е горд што го вратил идентитетот на Арсенал минатата сезона, тврдејќи дека клубот ја „загубил својата душа“ пред неговото пристигнување на „Емирати“.

Артета стана менаџер на „топчиите“ во 2019, по отказот кој го доби Унаи Емери, човекот кој го наследи легндарниот Арсен Венгер, и по доста проблеми и целосен „ремонт“ на тимот, минатата сезона беше најсериозен конкурент на Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.

Во интервју за „Марка“, 41-годишниот Артета вели дека клучно било да се врати врската помеѓу клубот и навивачите, и признава дека ги идентификувал проблемите додека бил помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

„Бев помошник на Пеп во Сити и игравме со Арсенал и забележав дека душата на клубот е загубена. Немаше уживање, немаше чувство. Знаев дека има опција да бидам на таа клупа и знаев дека мораме да ја вратиме врската помеѓу тимот и навивачите. Тоа беше јаасно. Нацртав дрво и корења и знаев каде е проблемот. Моравме да ги поврземе работите. Сега сум задоволен, имаме јасен идентитет, единство и полни сме со енергија. Сите одиме во ист правец и им дадовме на навивачите нешто да сонуваат и да бидат горди“, вели Артета.

Scroll to Top